„Ако не си изградила дом, ако немаш маж, ако немаш бебе, а полниш 30 години…“

Ема Вотсон, која се прослави со улогата на Хермиона во филмовите за Хари Потер, следната година полни 30 години и како што истакнува, тоа ѝ предизвикува различни емоции.
Една од најатрактивните млади глумици во Холивуд во разговор за „Вог“ откри дека го почувствувала притисокот кој им се наметнува на жените на нејзини години.
„Мислев: Зошто сите толку се оптоваруваат кога полнат 30 години? Тоа не е важна работа. Ама кога наполнив 29, помислив: Се чувствувам под стрес и анксиозно.“
Тоа за среќа се сменило бидејќи Ема сфатила од каде ѝ доаѓаат такви мисли – од денешното општество.


„Сфатив дека е така поради проклетата навала на сублиминални пораки на сите страни. Ако не си изградила дом, ако немаш маж, ако немаш бебе, а полниш 30 години, а не си на некое неверојатно сигурно, стабилно место во својата кариера или допрва се обидуваш да сфатиш некои работи…. Доаѓа до неверојатна количина на анксиозност“, објаснила Вотсон.
Нејзе, меѓутоа, не ѝ е потребно да исполнува услови кои општеството ѝ ги наметнува, туку е среќна под своите услови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.