За ова информираше на денешната прес-конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска, додавајќи дека обврската е одложена за седум години. Таа нагласи дека до крајот на октомври во електронскиот систем биле евидентирани 36 илјади граѓани, а до денеска вкупно се пријавени 300 илјади корисници. Но и дека очекува до крајот на годинава без поголеми проблеми да се заврши обврската, иако вкупно треба да се регистрираат околу 900 илјади даночни обврзници.
Како што кажа понатаму Лукаревска за таа намена се поставуваат мобилни шалтери на УЈП по општините, а мобилни екипи на Управата ги посетуваат домовите на изнемоштените лица кои не се во состојба сами да се регистрираат и да го однесат документот. Оние кои при регистрацијата го загубиле ливчето што треба да го однесат во УЈП неопходно е да одат на шалтерите на УЈП и таму да им се испечати пријавата.
На прашањето зошто граѓаните и покрај електронското евидентирање мора да однесат пишан документ во Управата, Лукаревска рече дека тоа се прави заради заштита на нивните податоци и да бидат сигурни дека даноците ќе им бидат пресметани на лицата на кои треба.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.