„Ако отидеме во Азија ќе го погребате рускиот фудбал

Русија влегува во клучната етапа околу одлуката да ја напушти УЕФА и да се пресели во азиската фудбалска конфедерација, после санкциите поради агресијата врз Украина, па извршниот комитет после втората рунда разговори ќе треба да пресече откако зема „тајм-аут“ по првата средба идната недела.

И додека се очекува конечна разврска, а Азијците со две раце ги чекаат во своето семејство, додека УЕФА испраќа пораки дека е загрижена за опцијата за преселба, еден од најпознатите руски спортски новинари Игор Рабинер му напиша писмо на првиот човек на руската унија (РФУ), Александар Дјуков двапати добро да размисли зашто преселбата во Азија би било катастрофално.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.