Ако постите, внимавајте на ова: Некои намирници се продаваат како посни, но не се

Иако сигурно строго внимавате што јадете, за време на постот се случува понекогаш да консумирате нешто за што не сте сигурни дали е од животинско потекло
Денес, кога имаме шницли и гулаш од соја, растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен еурокрем…постот станува речиси незабележлив.
И вистина е дека верниците кои почнуваат да проучуваат, внимателно ги читаат состојките на производите и често запаѓаат во недоумица која храна треба да се смета за посна и да ја консумираат, а која е сомнителна и не треба да се користи. Се покажало дека повеќето од тие „растителни имитации на мрсна храна“ всушност не се посни.


Многу е важно да ја прочитате декларацијата, бидејќи многу растителни сирења можат да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот. Ако купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казеин протеин. Посно е само сирењето од соја.
Крем бананите не се посни, бидејќи во нив се наоѓа желатин, кој се прави од животинско потекло. Истото важи и за гумените и желе-бомбоните.
Исто така, во многу пецива и тестенини има јајца или јајца во прав, затоа, не секоја тестенина е посна. На пример, лебот во некои пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост.
Не секоја рибина паштета е посна, па затоа се препорачува да се прочита декларацијата.
Многумина исто така мислат дека смоките како и останатите грицки слични на смоки се посна храна, меѓутоа не е така. Тие содржат млеко во прав и какао путер, а овие состојки не се посни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.