АКО СТЕ ВО АТИНА, НЕ ЧЕКАЈТЕ ТАКСИ, НЕМА ДА ДОЈДЕ: Штрајкуваат таксистите

Од пет часот утрово таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат, започнаа 24-часовен штрајк поради, како што велат,„низа владини одлуки и важни законодавни пропусти што се однесуваат на нивниот сектор“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Синдикатот потенцираа дека новите даночни и осигурителни закони ќе ги доведат до финансиска пропаст, а планираната транзиција кон електрични возила од 2026 година ќе ја загрози нивната професија.

Паралелно, за претпладнево закажаа Генерално собрание на кое ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат.

Грчката метропола до утре наутро ќе биде без такси превоз.

Пронајдете не на следниве мрежи: