Ако јадете обилен појадок, трошите двојно повеќе калории

Според најновата студија објавена во The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism, јадењето обилен појадок наместо обилна вечера може да спречи појава на прекумерна дебелина и висок шеќер во крвта.
„Нашите резултати покажуваат дека оброкот изеден за појадок, без оглед на количината на калории што ја содржи, создава двојно повеќе термогенеза предизвикана од храната отколку истиот оброк изеден за вечера“, вели авторот на студијата, д-р Јулиан Рихтер од Универзитетот во Либек во Германија.


Истражувачите спроведоа тридневна лабораториска студија врз 16 мажи кои консумирале нискокалоричен појадок и калорична вечера, а во вториот круг од студијата го сториле спротивното. Покрај 2,5 пати побрза потрошувачка на калории кај луѓето кои јаделе калоричен појадок и нискокалорична вечера, зголемувањето на шеќерот во крвта и инсулинот предизвикано од храна се намалувало по појадокот во споредба со вечерата. Резултатите исто така покажуваат дека постои врска помеѓу јадењето нискокалоричен појадок и зголемениот апетит во текот на денот, особено желбата за благо, пренесува Endocrine news.
Препорачуваме пациентите со проблем со прекумерна дебелина, како и здравите луѓе, да појадуваат пообилен појадок отколку голема вечера за да ослабат и да спречат метаболички болести“, вели Рихтер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.