Актерите од „Преспав“ деновиве главна тема во медиумите: Денеска вниманието го одвлече Талат…

Дритон Вејсели го толкува Талат од „Преспав“ – најомилениот лик од оваа серија.
Актерот со својата харизма и забавниот лик ги освои срцата на публиката, а неговите гестикулации и изрази на лицето може да ве насмеат до солзи.
Дритон има профил на социјалната мрежа Инстаграм, но таму речиси и воопшто да не е активен.


Но, сепак, кога ќе објави нешто – или ќе ве насмее до солзи, или ќе направи да го засакате уште повеќе.
Имено, денеска ‘Талат’ за првпат сподели фотографија со неговата мајка, на која јавно ѝ го честита роденденот.
„Среќен роденден мамо“, напиша тој покрај фотографија.
За потсетување, родителите на Дритон се сопственици на познатата слаткарница „Малага“, па без сомнеж сите родендени ги поминувале со некое слатко задоволство токму од нивната слаткарница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.