Зад нејзината прекрасна насмевка се крие тажна и болна семејна приказна.
Џенифер Анистон е една од најпрепознатливите актерки во светот. Таа секогаш е на списокот на најубави жени, а нејзините улоги станаа култни. Сепак, зад ѕвездениот успех на оваа актерка стои болна приказна за лошата врска со нејзината мајка.
Мајката на Џенифер, Ненси Дау, беше актерка и модел. Има глумено во неколку ТВ серии. И нејзината професија силно влијаела на начинот на кој ја воспитувала својата ќерка.
Џенифер изјави дека нејзината мајка постојано се жалела дека мора да изгледа поубаво и секогаш да е расположена. Затоа Ненси се обидела да ја направи својата ќерка совршена.
„Таа беше многу критична кон мене. Бидејќи била манекенка, таа била убава, волшебна. Јас не бев тоа. „Никогаш не сум била таква“ – рече Џенифер.
Откако нејзините родители се развеле, Џенифер останала со нејзината мајка. Нивната врска се влошила затоа што Ненси имала тенденција да ги игнорира емоциите на нејзината ќерка.
rest in peace, nancy dow 🙁 my prayers are with jen and her family pic.twitter.com/00NRfMCp9h
— jennifer aniston (@flirtyaniston) May 25, 2016
„Никогаш не ме научи дека можам да врескам. Јас еднаш го кренав гласот и се развикав, а таа ме погледна и избувна од смеа. Таа ми се смееше затоа што јас врескав. И тоа беше како удар во стомакот “ – призна Џенифер.
Нејзината мајка ги објави своите мемоари во 1999 година, кои толку многу ја повредија Џенифер, што таа не разговараше со Ненси многу години. Таа дури и не ја покани на нејзината венчавка со Бред Пит. Нивната врска беше целосно уништена.
Jennifer Aniston shares a heartfelt statement about the death of her mom, Nancy Dow: https://t.co/nX6ZMEoZps pic.twitter.com/LZKMAPDgVx
— InStyle (@InStyle) May 28, 2016
Откако Џенифер се разведе, таа и Ненси почнаа да ја обновуваат врската.
„Беше навистина убаво. Лудо е каде ве носи животот и како сè се врти. Беше вистинското време за нас и ќе се случи кога требаше да се случи. Тоа беа мали чекори “ – рече актерката.
Ненси почина во 2016 година. Подоцна, сеќавајќи се на нејзината мајка, Џенифер призна дека и покрај тоа што била строга, таа секогаш го сакала само најдоброто за неа.
Заедничката загуба ја обедини Џенифер со нејзиниот татко, ТВ актерот Џон Анистон. Нивната врска не беше совршена. Џенифер тешко се снајде со разводот на нејзините родители. Таа и нејзиниот татко не се виделе една година по разводот. А потоа тој стапи во контакт со неа.
Сега тие се помирија и редовно се се слушаат по телефон, според изјавите на Џенифер во медиумите.