Активисти на Левица поднесоа кривична пријава за борбите со кучиња во Охрид

„Откако СВР Охрид и ЈО Охрид не се одважија по допрен глас да постапат во однос на борбите на кучиња кои се организираат и одржувааат во континуитет на оградена јавна површина, ринг, – активисти од Левица поднесоа кривична пријава против три физички лица со можност за проширување на истата и против други лица“, велат од Левица.

Ахмети: Албанскиот народ ќе го чува албанскиот јазик
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва од Врапчиште каде присуствуваше на средба со граѓани, рече дека очекува од сите политички партии на Албанците во земјава, но и од …
Само 2 дена пред нејзината смрт, кралицата Елизабета ги напишала овие зборови: „Дојде да ме види…“ Многумина мислат дека тој бил последниот што ја посетил (фото)
Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година на 97-годишна возраст.Веста за смртта на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година го изненади светот . Кралицата почина на 97-годишна возраст и зад себе остави …

„Законот за заштита и благосостојба на животните изрично забранува организирање на ваков тип на борби на кучиња, како и обложување за истите, а убивањето, измачувањето, изживувањето врз животните е инкриминирано со член 233 од Кривичниот законик.

Според неофицијални информации, борбите на кучиња претставуваат илегален бизнис, по пат на обложување со сума од 6.000 до 10.000 евра! За убивањето, измачувањето, нанесувањето на болка, маки, грубото злоупотребување на животните од користољубие (материјална или друга корист) е предвидена потешка казна, односно согласно член 233 став 3 од КЗ – казна затвор од една до пет години.

Сметаме дека во целост се исполнети законските услови за кривичен прогон за конкретното кривично дело кое, за жал, поради досегашна неказнивост – јавно и отворено се практикува во континуитет, се третира како јавна тајна и нормална појава – иако се предвидени законски одредби и казни кои се во насока на заштита на немоќните, животните, но и кон одржувањето на едно здраво општество.

На потег е Јавното обвинителство Охрид кое очекуваме да постапи по кривичната пријава и конечно да се прекинат ваквите нехумани борби“, соопшти Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.