Алармантен пораст на смртните казни во Ирак

Забележан е алармантно зголемување на извршувањата на смртните казни во 2012 година во Ирак и нивното повторно воведување во неколку земји, особено во Азија, што сепак не влијаело врз општата тенденција на помилувањата во светот се наведува во извештајот на меѓународната организација за човекови права Amnesty International.Најмалку 682 извршувања на смртни казни се регистрирани минатата 2012 година во 21 земја во светот, или две повеќе отколку претходната 2011 година, покажуваат податоците од годишниот извештај на Amnesty International кој беше објавен во средата навечер.И бројот на изречените смртни пресуди, 1.722 потврдени во 58 земји, е помал во споредба со 2011 година кога биле регистрирани 1.923 смртни пресуди ви 63 држави.Овие податоци не ги вклучуваат илјадниците погубувања во Кина, се нагласува во извештајот на Amnesty International. Кина погубува убедливо најмногу осуденици од и многукратно повеќе отколку вкупно остатокот од светот, но ваквата нејзина статистика останува тајна.Се додава и дека Amnesty International поседува податоци и за непотврдени погубувања во Иран, кои за три четвртини го надминуваат официјалниот податок од 314 егзекуции.Иран е втората земја по Кина во којашто смртната казна најмногу се применува, а пред Ирак, Саудиска Арабија и САД.Борбата за укинување на смртната казна претрпе голем удар со продолжувањата на погубувањата во Индија, Јапонија, Пакистан и Гамбија по повеќегодишните мораториуми на извршувањето на смртните казни во овие земји. Индија, каде што смртната казна не беше извршена од 2004 година, во ноември минатата година го обеси преживеаниот напаѓач од терористичките напади на исламистите во Бомбај во ноември 2008 година кога беа убиени 166 луѓе а ранети повеќе од 300. По 20-месечен мораториум, во Јапонија во 2012 година беа извршени седум смртни казни.Од Amnesty International изразија загриженост поради енормниот пораст на погубувањата во Ирак каде во 2012 година се погубени 129 луѓе или речиси двојно повеќе отколку во 2011 година – 68. Тие погубувања честопати се изведуваат во серија и е забележан случајот на 34 егзекуции во еден ден.Повеќето смртни пресуди во Ирак се изречени поради терористички активности по признанијата изнудени со мачење. Досега во 2013 година во Ирак се погубени 29 лица, според податоците до коишто дошла агенцијата AFP. Ирачкиот министер за правосудство Хасан ал-Шамари изјави во март дека Багдад има намера да продолжи да ги извршува смртните казни, и покрај меѓународните апели да ги суспендира.Извршувањето на смртната казна останува и натаму извор на загриженоста на организацијата и на Блискиот исток и во северна Африка каде што 99 отсто од погубувањата се однесуваат на Иран, Саудиска Арабија, Ирак и Јемен. Поради војната во Сирија, Amnesty International не располага со податоци за оваа земја во којашто оде март 2011 година трае граѓанската војна.Во супсахарска Африка пресудите и извршувањата на смртните казни, исто така, бележат зголемување во 2012 година, особено поради ваквите активности во Судан и Гамбија.Во Европа и во средна Азија, Белорусија е единствената земја којашто ја применува смртната казна, каде се извршени три од кои две за терористички напад во подземната железница во Минск во 2011 година кога загинаа 15 лица и со повреди се здобија 200 луѓе, а за овој напад на смрт се осудени Дмитриј Коновалов и Владислав Ковалев, како и САД на американскиот континент.Податоците за минатата 2012 година, сепак, не ја загрозуваат општата тенденција на укинување на смртната казна во последната деценија, се нагласува исто така во годишниот извештај на Amnesty International.
МакфаксЗабележан е алармантно зголемување на извршувањата на смртните казни во 2012 година во Ирак и нивното повторно воведув

Пронајдете не на следниве мрежи: