Во најновата акција на Министерството за внатрешни работи на Македонија, уапсен е Шенки Маслани, попознат како Шенки Версаче .Овој Албанец е опседнат со познатиот бренд и потроши цело богатство да има се во својата куќа во името на овој моден бренд.Како што објави ТВ Алфа, покрај Шенки, во голема полициска акција уапсени се и неговиот брат Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши. Тие се пренесени во затворот Шутка кај Скопје . Сите уапсени се дел од криминалниот клан од Арачиново.Тие се осомничени за најмалку шест убиства во последните четири години, пишува „ вечер.мк “. Сите ликвидации ги изврши кланот Фаљум Аљети Тоте, кој од затвор го води нарко картелот.Полицијата уапсила вкупно 18 криминалци и смета дека расветлила најмалку осум убиства, три обиди за убиство, голем број изнуди, закани и рекетирање. Шенки Версаче претходно тврдеше дека сите производи што ги поседува се оригинални и дека ги купува во Италија.„Работам 12 години, имам добра работа и не ми беше жал што трошам пари на нешто што е некаков знак за мое препознавање“, изјави еднаш.
Пронајдете не на следниве мрежи: