Албанија денеска го отвора првиот кластер од преговорите за пристапување во Европската унија.
Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Македонија на крајот на септември.
Албанија и Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел.
Во првата фаза од преговорите се вклучени поглавјата „Јавни набавки“, „Статистика“, „Судски систем и основни права“, „Правда, слобода и безбедност“ и „Финансиска контрола“.