Во угостителски објект во тетовското село Желино биле откриени 12 странски државјанки, информира СВР Тетово.
Полицијата информира дека при контрола во локал во селото Желино, на регионалниот пат Тетово – Скопје, биле уапсени 12 странски државјанки. Контролата била извршена ноќеска од 23 до 2.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.
Во угостителскиот објект сопственост на З.С. од Желино биле пронајдени и приведени 11 девојки од Албанија и една од Косово бидејќи не поседувале документи за престој.