Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување






Алијанса за Албанците и партиите од коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), Демократско движење, Движењето БЕСА и Алтернатива, денеска потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

Во декларацијата што ја потпишаа лидерите на  АА Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити,  на Алтернатива  Африм Гаши и на Движењето Беса  Африм Гаши,  истакнуваат дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава. Кандидат на четирите партии за претседателските избори ќе биде Таравари.
„Денес со потпишувањето на оваа декларација , на овој ден каде ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели  на нова ера кај албанските партии во Република Северна Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека дојдено е времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – Придружете се кон промената која доаѓа“, рече Меџити.
Касами, пак, рече дека вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува одлучноста, револуционерниот дух  и волјата за промена на албанскиот народ. „Бидете уверени дека Вашата одлука да бидете де од овој процес е вреден“, рече Касами

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | 7/7 ЕМИСИИ:

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: