Во амандманот за промена на преамбулата на Уставот, според веста која протече во јавноста албанскиот народ добива државотворен статус, а одлуките на АСНОМ како и самиот АСНОМ се целосно избришани! Сардисани се 9-те решенија кои се темел на нашата самобитност и автохтоност како Македонци, пишува професорката Тања Каракамишева.
Во продолжение Ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот на професорката Каракамишева:
Ја нема Декларацијата за основните права на граѓанинот, го нема решението за македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, го нема Правилникот за работа на АСНОМ, го нема Решението за формирање Президиум на АСНОМ, го нема решението за формирање државна комисија за утврдување на престапите на окупаторите и нивните помагатели, го нема решението за прогласување на Илинден -2ри август за народен државен празник на македонската држава, го нема МАНИФЕСТОТ НА АСНОМ! – предупредува професорката, додавајќи ОВА Е ЧОВЕК ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЗБОРОВИ!