Албанците ја предаваат државата во руски раце?

Во Собранието на Северна Македонија  на 11 ноември 2021 година ќе се одржи седница за доверба на Владата.

Пред очите на македонската и меѓународната јавност се одвива завршната фаза од тајната разузнавачка операција „Коњички скок“, која има крајна цел враќање на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) во Северна Македонија и соборување на актуелната власт.

Меѓународниот институт ИФИМЕС ја предупреди јавноста дека Зоран Заев (СДСМ) и неговата влада ќе бидат соборени по локалните избори, а тоа сценарио во моментов е во завршна фаза на реализација. Процесот започна јавно со објавување на „нон-пејперс“ кои му се припишуваат на словенечкиот премиер Јанез Јанша (СДС). Во Северна Македонија и Босна и Херцеговина се одвиваат два паралелни дестабилизациски процеси, и двата координирани од Будимпешта. Оправдано е прашањето за улогата на Словенија како претседавач со ЕУ и нејзиниот премиер Јанез Јанша во овие процеси.

Приоритет: демонтажа на режимот Груевски-Мијалков-Камчев

Иако беше осуден на две години затвор, Никола Груевски избега од земјата и најде засолниште и политичка заштита кај унгарскиот премиер Виктор Орбан (ФИДЕС). Режимот на Никола Груевски е заслужен што незаконски извадил над пет милијарди евра од државата и незаконски прислушувал повеќе од 25.000 граѓани, додека бизнисмените биле принудени да му плаќаат „рекет“ на режимот. Во тој период редовно се произведуваа меѓуетнички конфликти кои внесуваа несигурност и страв кај граѓаните. Имаше огромно богатење на Груевски и поединците околу него.

Некои премиери, кои доаѓаат од редовите на Европската народна партија (ЕПП) и кои работат на неговото враќање во Северна Македонија, исто така му даваат нескриена поддршка на Груевски, додека дел од македонските пари ограбени од режимот на Груевски се инвестираат во нивните земји.

Разузнавачките служби открија и лоцираа повеќе од 160 медиумски портали, кои произведуваат (лажни вести) и скандали со намера да предизвикаат хаос и да ги дискредитираат пред се премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (СДСМ). Ова е поврзано со Адинамик Медиа, компанија која води веб-страници кои ја поддржуваат опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Адинамик Медиа е поврзана со унгарската јавна телевизиска мрежа Magyar Televizo (MTV), која ја фаворизира водечката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Анализата покажа дека Сашо Мијалков и Орце Камчев имале контрола врз целиот судски и полициски систем во Северна Македонија, со исклучок на обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кои досега имаа клучна улога во заштитата на уставор, редот и правниот систем во државата. Дознаваме дека во притисоците и заканите за работата на институциите и носители на клучни функции бил вклучен и синот на Сашо Мијалков. Затоа, приоритет е конечно да се разбие режимот Груевски-Мијалков-Камчев.

Владата на Зоран Заев само делумно владееше со државата 

За време на режимот Груевски-Мијалков, во северна Македонија беше формиран неформален центар на моќ, кој беше симбиоза на политиката, тајкуните и мафијата со поддршка на разузнавачкото подземје и кое всушност владееше со земјата. За жал, актуелната македонска влада само делумно владееше, не успевајќи целосно да ги порази неформалните центри на моќ и да го разбие режимот Груевски-Мијалков-Камчев, кој субверзивно дејствува против владата со огромна сума пари за да ја собори и да ја врати Северна Македонија во минатото. Активностите на овие кругови се насочени и против Договорот од Преспа, кој ја прекина изолацијата на земјата и овозможи членство на Северна Македонија во НАТО, што е историски успех на таа земја, бидејќи стана членка на Алијансата на модерни и демократски држави, а со тоа и го гарантираше нејзиниот територијален интегритет и суверенитет што е особено важно поради веќе познатите аспирации кон македонска територија. Овие кругови се претставници на руските интереси во Северна Македонија и регионот.

За јачината на неформалниот центар на моќ говори снимениот неовластен контакт на јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, со Сашо Мијалков во 2020 година во кафуле во Скопје. Обвинителката Русковска, иако не го водеше случајот Орце Камчев, побара да биде информирана за вештачењето на економско-финансиската фела, што е недозволиво и незаконски.

Аналитичарите сметаат дека тројката Никола Груевски – Сашо Мијалков – Орце Камчев наиде на пречки и отпор во своето дејствување во институциите на македонската држава, особено кај премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и затоа нападот за уривање на актуелната власт. се засили по локалните избори.

Градоначалничката на Скопје Арсовска- манџуриски кандидат

Креаторите на безбедносно-разузнавачката акција „Коњички скок“ во Будимпешта не се целосно задоволни од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се работи за дел од доста компромитирани и исцрпени кадри против кои се води кривична постапка. Затоа, мораше да се најде лице, кое не беше оптоварено со наведените хипотеки. Пронајден е нов симбол за рушење на актуелната власт во лицето на Данела Арсовска, новоизбраната градоначалничка на Скопје, која формално се кандидираше како независен кандидат, а во основа е проект на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска до сега извршуваше различни функции со благослов на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно е и почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, што сликовито ја претставува како „манџуриска“[2] кандидатка.

Аналитичарите сметаат дека безбедносно-разузнавачката операција „Коњички скок“ досега е успешно спроведена и реализирана, со проекции дека наскоро ќе ја урне владата на Зоран Заев, ќе ја запре демократизацијата на Северна Македонија и ќе започне политички процеси со поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, Договорот од Преспа, Охридскиот договор, но и ја доведуваат во прашање веродостојноста на членството на Македонија во НАТО. Веќе не станува збор за политичката судбина на Зоран Заев, туку за судбината и иднината на Северна Македонија како држава, но и како регион.

Аналитичарите предупредуваат дека граѓаните не се целосно задоволни од темпото на промени и општествениот развој на Северна Македонија, што може да се смета донекаде и оправдано. Сепак, истражувањата покажаа дека северна Македонија сè уште е под силно влијание на неформалниот центар на моќ, симболизиран од тројката Груевски-Мијалков-Камчев, и сè уште држи дел од државата „заробен“ и делува субверзивно против власта за да произведе незадоволство. Производството на незадоволство е во функција на рушење на власта, имајќи предвид дека имаат значителни средства, а локалните избори беа уште една шанса да се урне владата на Зоран Заев, односно да се дестабилизира Северна Македонија и да се врати  државата во врмеето пред 2017 година. Аналитичарите предупредуваат дека НАТО ги потцени безбедносните закани за Северна Македонија, кои се поврзани со интензивното дејствување на рускиот фактор во таа земја и фактот дека Северна Македонија се соочува со историски пресврт и најтешка ситуација од независноста во 1991 година.

Сличен обид на „манџурискиот кандидат“ имаше и на претседателските избори кога Никола Груевски или ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да извршат своевидна контрареволуција како одговор на „Шарената револуција“ преку нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова која со помош на рускиот фактор и на дел од албанците се обдие да ја избрише колективната меморија за се што се случуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нејзините настапи се базираа на игнорирање на 11-годишното владеење на дуото Никола Груевски (ВМРО -ДМПНЕ) – Сашо Мијалков и катастрофални последици од тоа владеење.

Македонските Албанци ја предаваат државата во руски раце?

Аналитичарите веруваат дека извршната наредб[3] на американскиот претседател Џозеф Бајден претставува предупредување и порака до сите во регионот на Западен Балкан но и до македонските власти да ја интензивираат борбата против криминалот и корупцијата и да се спротивстават на негативните појави и поединци кои можат да го загрозат регионалниот мир и стабилност и просперитет.

За Република Северна Македонија е од особено значење сите кои го попречуваат или не го признаваат Договорот од Преспа, кој донесе мир, стабилност и просперитет во Северна Македонија, да бидат санкционирани и ставени на „црната листа“ на американската администрација. Со доаѓањето на власт на актуелната власт во 2017 година, во таа земја повеќе не се забележани меѓуетнички инциденти. Според меѓународните индекси, Северна Македонија е најбезбедна држава[4].

Аналитичарите сметаат дека изненадувачки е фактот што некои Албанци се во функција на остварување на руските интереси. Задкулисните настани на македонската политичка сцена покажуваат дека дел од Албанците се уште тесно соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ и со Никола Груевски. Соработката на македонските Албанци со Русите не е запишана во современата историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа пред се со САД. Настаните во Северна Македонија се особено опасни, бидејќи во исто време се синхронизирани со настаните во Босна и Херцеговина како најава за нова дестабилизација на регионот, не исклучувајќи ги вооружените конфликти. Дефинитивно, некои Албанци ќе застанат на страната на Русија со своите погрешни политички потези и ќе ја предадат Република Северна Македонија на Русија, со што ќе ја изневери довербата на албанските гласачи.

Индикативно е што две земји од регионот, членки на НАТО и ЕУ, активно учествуваат во операцијата „Коњички скок“, едната со нудење азил на Груевски, а другата со блокирање на Северна Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ. Двете земји имаат истомисленици во опозициските партии во Северна Македонија. Така, овие две држави на тој начин дејствуваат директно против интересите на организациите во кои се членови. Ваква акција не е забележана во досегашната историја на двете организации, а тие веќе треба да предизвикаат голема загриженост во Брисел. Загрижувачки е фактот што клучните безбедносни предизвици и закани за Северна Македонија доаѓаат од земји-членки на НАТО, чиј член е и Северна Македонија.

Љубљана/Брисел/Вашингтон/Скопје, 10 ноември 2021 година

Фусноти:
[1IFIMES – Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии со седиште во Љубљана, Словенија кој има посебен консултативен статус со Економскиот и социјален совет при Обединетите нации ECOSOC / ОН, Њујорк, од 2018 година
[2] Извор: Манџуриски кандидат е колоквијален/метафорички израз за конзервиран агент вметнат во организација или заедница со цел шпионирање, саботажа и некоја друга субверзивна активност за која самиот тој воопшто не е свесен, односно за која е „програмиран“  со перење мозок, хипноза и слични методи.
[3] Извор: Извршна наредба за блокирање имот и суспендирање на влез во Соединетите држави на одредени лица кои придонесуваат за дестабилизирачката ситуација во Западен Балкан https://www.whitehouse.gov/briefing-room/presidential-actions/2021/06/08/executive-order-on-blocking-property-and-suspending-entry-into-the-united-states-of-certain-persons-contributing-to-the-destabilizing-situation-in-the-western-balkans/
[4] Извор: 2021 Глобален индекс за мир, линк: https://reliefweb.int/sites/reliefweb.int/files/resources/GPI-2021-web.pdf

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.