Алвеш откако заглави во затвор прво остана без клуб, а сега и без – сопруга!

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш се соочува со најтешкиот период, откако заврши во затвор по обвинување од девојка дека ја силувал кон крајот на минатата година во Барселона, по што доби отказ од клубот за кој настапуваше, мексиканскиот тим Пумас, а сега се соочува и со развод од сопругата.

Манекенката Јоана Санз веднаш му даде поддршка и остана со нејзиниот сопруг, меѓутоа кога дозна дека постојат докази против него, таа реши да побара прекин на брак. Таа прво ги избриша сите заеднички фотографии со Алвеш, а сега сака и формално да се раздели со него.

„Адвокатите на Алвеш му кажале дека таа сака да се види со него, но тој одбил такво нешто, знаејќи дека ќе дојде со документи за развод кои тој ќе треба да ги потпише“, откриваат бразилските новинари.

Пронајдете не на следниве мрежи: