ЖИВЕЕ ВО ГАРАЖА! Покажа како изгледа нејзиниот дом: Луѓето се воодушевени кога ќе видат каде живее

Леа Александра (27) собра 1,2 милиони прегледи со триминутно видео во кое го прикажува „станот во гаража “ , кој има кујна, бања и посебна спална соба.

– За мене е совршена големина, не ми треба повеќе – рече таа додека го покажуваше својот дом со камерата.

Александра не откри како ја нарече претворената гаража дома, но финансиски свесниот креатор на содржини вели дека „гаражата е многу евтина со оглед на тоа што го има“.

– Сакам работи што се достапни бидејќи така штедам пари – рекла Леа.

Александра, која живее во Јужна Калифорнија, рече дека плаќа 1.300 долари за претворена гаража, вклучувајќи ги сите комунални услуги и Wi-Fi .

За време на триминутната турнеја, таа ја покажа кујната со рерна, микробранова печка и фрижидер.

@leahbbyxo my garage conversion apartment tour 🫶🏼 #a#apartmenttourh#homedecorh#housetourg#garageconversion ♬ original sound – leah alexandra

Таа не откри во чија сопственост е гаражата – која има само еден прозорец – но The Sun објави дека му припаѓа на “странец”. Таа, исто така, им даде на гледачите поглед на бањата во станот. Конечно, таа покажа посебна спална соба со единствениот прозорец во станот.

– Мислам дека е многу слатко – рекла Леа која вели дека мебелот е користен и дека го купила на социјалните мрежи од други луѓе.

„Оваа гаража е поголема од двособен стан во Њујорк и е одлична“, „Многу, многу убаво, додаде уште една. Го сакам твојот прекрасен дом“, напишале во коментарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.