АЛИ АХМЕТИ ПОВИКАН ВО СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ХАГ

Во улога на сведок или пак на распит и натаму се наметнува како дилема прашањето во кое својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети во Хаг откако вчера сам на социјалните мрежи со статус се огласи дека ќе сведочел поради како што навдува геноцидот кој им бил вршен на Албанците на Косово од страна на српскиот режим во времето на Милошевиќ.
Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска во краток телефонски разговор за ТВ 24 вели дека високите судови во принцип се многу затворени и не наведуваат во кое својство повикуваат поединци или високи функционери, иако не се исклучува можноста во поканата на Ахмети да било наведено и тоа, но додава дека во принцип тоа не е пракса.
Сепак на официјалната страна на ХАГ нема никакви информации во врска со поканата, а Цаца Николовска дообјаснува дека во зависност од изјавата која се дава на повиканиот понатаму судот оформува процес, предмет или пак информира во кое својство лицето ќе биде повикано.
Иако лидеот на ДУИ Ахмети вчера излезе со статус на неговиот Ф.Б профил во кој тврди дека е повикан во својство на сведок, сепак од Специјалното јавно обвинителство за Косово во Хаг ниту вчера не објавија во кое својство е повикан актуелниот лидер на ДУИ но и поранешен основач на УЧК.

Она пак што е познато е дека веќе три дена претседателот на Косово Хашим Тачи даваше изјави во Хаг, а кон почетокот на октомври треба да почне постапката во која треба да се утврди дали имаат основа наодите, во кои за кривични дела против човештвото, но и за воени злосторства и убиства на Срби, Албанци и други етникуми на територијата на Косово се сомничат десетмина меѓу кои се наведуваат и имињата на Хашим Тачи, Кади Вејсели и други.
Хашим Тачи пак беше повикан во ХАГ во моментите кога планираше да патува во САД и да дискутира за Косово и евентуалната територијална размена со Србија за која подолг период пишуваа регионалните медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.