СВР Велес известува дека на последната вечер од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци синоќа биле приведени неколку лица зошто го нарушиле јавниот ред и мир
Во 23:40 часот биле приведени две лица, 34-годишнишно лице и 27-годишниот К.С. затоа што на ул.Борис Кидрич го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Изутринава, во 02.50 часот, полициски службеници ги привеле М.Р., 18-годишно лице и Л.Р., на возраст од 19 години, двајцата од Прилеп, затоа што на градскиот плоштад во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со кршење на предмети и агресивно однесување кон други присутни лица. Приведен бил и Г.П., 36-годишник од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, додека преземале службени дејствија.
По документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од СВР Велес.