Сајтот на Амазон падна, запрен божиќниот шопинг за илјадници Британци

Вознемирените купувачи започнаа дебата на Твитер.

Платформата за онлајн тргување – Амазон се урна и го запре божиќното пазарење на илјадници Британци, пишува „Дејли мејл“ Проблемите со страницата започнале околу 12 часот, а биле откриени од Down Detector.

Според изданието, погодени се илјадници Британци. Идентификувани се проблеми и со страницата и со апликацијата на Амазон.

Проверката на „Дејли мејл“ покажува дека по изборот на неколку ставки, чекорот за финализирање на купувањето од платформата е невозможен поради „невообичаено многу купување на страницата“.

Вознемирените купувачи започнаа дебата на Твитер.

Еден од нив се обратил кон компанијата со прашањето: „Заборавивте дека доаѓа Божиќ или ќе го обвините КОВИД?“.

Се уште се чека коментар од Amazon.

Пронајдете не на следниве мрежи: