Амбасадорот на Украина во Ерменија се удави во езеро

Вршителот на должноста амбасадор на Украина во Ерменија се удави во Севанското езеро, јавува агенцијата УНИАН, повикувајќи се на информации на официјалната страница на Министерството за надворешни работи на Украина.

Амбасадорот на Украина во Ерменија се удави во езеро

„Со длабока тага ја објавуваме трагичната смрт на 13 август 2023 година на искусниот и висококвалификуван дипломат, вршител на должноста амбасадор на Украина во Ерменија, Олександр Анатолиевич Сенченко“, се вели во соопштението. Претходно ерменските медиуми јавија за смрт на маж во Севанското езеро, повикувајќи се на локалната спасувачка служба.

Таа информира дека на 13 август во 20:17 часот по локално време дежурните спасувачи на плажата на Севанско езеро забележале дека исчезнало лице кое пливало на 25 метри од брегот. „Спасувачите дошле на помош и го извлекле човекот од водата. Екипата на итната помош која пристигнала на лице место ја констатирала неговата смрт“, се вели во информацијата на ерменските медиуми.

Сенченко започна да работи во украинското Министерство за надворешни работи во 2003 година, имајќи на различни функции во структурата на Првата и Шестата територијална управа, Одделот за евроатлантска соработка и нови предизвици, во кабинетот на министерот, како и во дипломатскиот мисии на Украина во Русија, Азербејџан и Ерменија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.