АМЕРИКАНСКИ Ф-16 ПРИСТИГНА ВО УКРАИНА! Командантот на воздухопловните сили во Киев го објави она што долго се чекаше

Микола Олешук, командант на воздухопловните сили на Украина, изјави за националната телевизија дека воените пилоти во земјата почнале заедничка обука со американските пилоти на борбени авиони Ф-16.

  • Авионот Ф-16 беше во Украина. Тој слета на нашите писти, изведовме заедничка обука со пилоти на Ф-16… Вчера двајца мои пилоти беа тестирани од американски инструктори – изјави во саботата Олешчук, пренесува Си-Ен-Ен.
АМЕРИКАНСКИ Ф-16 ПРИСТИГНА ВО УКРАИНА! Командантот на воздухопловните сили во Киев го објави она што долго се чекаше

Олешук е цитиран како додава дека иако вкупниот период на обука трае 32 месеци, „одлучено е оваа класа пилоти да може да го совлада Ф-16 за четири месеци“.

Си-Ен-Ен јавува дека Олексиј Резников, министер за одбрана на Украина, исто така потврдил дека започнала обуката на овие борбени авиони.

Тој, наводно, рекол во одвоено телевизиско интервју емитувано во саботата дека во обуката заедно со пилотите се вклучени и украински инженери и техничари.

Американската телевизија објави дека Резников не сакал да открие колку ќе трае обуката, но дека изјавил дека „минималното времетраење на обуката е шест месеци“.

Тој рече дека американските инструктори ќе го објават крајот на обуката кога ќе бидат задоволни како пилотите, инженерите и техничарите ги совладале новите вештини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.