Американците долетале со Блек Хок хеликоптери од Романија! Поранешен американски разузнавач ја откри позадината на крвавиот напад во Краматорск!

Руските сили го нападнаа Краматорск и ги елиминираа американските платеници кои ги советуваа украинските вооружени сили, смета поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

Тој наведува дека на местото што беше погодено во Краматорск имало „многу американски воен персонал“. Таму пристигнаа од Романија со два хеликоптери „Black Hawk“. При преминувањето на границата транспондерите биле исклучени.

Ритер рече дека „црните јастреби“ се потребни за да се евакуираат ранетите војници.

Американците долетале со Блек Хок хеликоптери од Романија! Поранешен американски разузнавач ја откри позадината на крвавиот напад во Краматорск!

– Ликвидираните Американци беа воени советници, како и директни учесници во воените дејствија – рече Ритер.

Нема официјални податоци за можниот број на повредени или загинати Американци, а Си-Ен-Ен јавува дека најмалку двајца офицери се повредени од нападот на руската армија на Краматорск, јави американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен.

Претходно, Марочко, поранешен потполковник на Луганската Народна Република, изјави дека вооружените сили на Украина вршат три до четири напади дневно во правец на Краснолимански.

Да потсетиме, бројот на загинати во ракетен напад врз преполна пицерија во Краматорск на истокот на Украина се зголеми на 11, соопштија локалните власти. Две 14-годишни сестри близначки и 17-годишен тинејџер се меѓу жртвите, додека 56 лица се ранети, објавија локалните власти, пренесува Ројтерс.

Коментирајќи ги наводите на Киев, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека Русија не е насочена кон цивилната инфраструктура во Украина.

– Русија не ја таргетираше цивилната инфраструктура, нападите беа извршени врз објекти кои на некој начин се поврзани со воената инфраструктура – ​​изјави Песков, пренесува ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.