Амонијак истече од цистерна кај Панчево: Едно лице во болница, евакуирано населението

Истекување на амонијак од цистерна се случило синоќа во населбата Топол кај Панчево. Како што јавуваат српските медиуми, на едно лице му е пружена медицинска помош и е пренесено во болница каде е под кислородна терапија.

Според медиумите, истекувањето се случило околу 23 часот. Полициски и противпожарни екипи се на лице место.
Евакуирани биле жителите од околу десет куќи кои се наоѓале во непосредна близина. Како што се наведува, повеќе нема опасност за граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.