Ана Бекута со емотивна порака се прости од својот пријател и колега

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85 години како последица од коронавирусот.
По тој повод се огласи и пејачката Ана Бекута која со емотивна порака се прости од својот колега.
„Се повеќе е полна небесната кафана, а нашите кафани ќе бидат празни бидејќи Тозовац си замина. Не сакам да нагласувам каков човек беше, на крајот сите добиваат такви зборови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Си замина Тозовац и денес не се појави сонце. Нека ти е вечна слава, а нашето сонце ќе биде барем за еден степен поладно, а овој свет за илјади степни попразен“, напиша Бекута на социјалните мрежи.
Потсетуваме, Предраг Живковиќ Тозовац беше текстопосец, композитор, хармоникаш и пејач на народна музика. Ќе остане запаметен по песните: „Тражи нову љубав“, „Јесен у мом сокаку“, „Празна чаша“ и многу други.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.