Докторката Милица Ѓурѓиќ, партнерка на српската премиерка Ана Брнабиќ, вчера роди син, објави српски “Блиц“.
Во кабинетот на премиерката потврдија дека партнерката на Брнабиќ родила син и велат дека породувањето поминало во најдобар ред. И мајката и детето се добри. Како што дознава “Блиц“, момчето ќе се вика Игор.
Брнабиќ стана прва српска премиерка со хомосексуална ориентација во 2017 година, изненадувачки чекор за една балканска земја, каде геј луѓето често се изложени на потсмев и насилство, па дури и напади, коментираат светските медиуми.