Ана Брнабиќ – нова претседателка на српското собрание, Александар Шапиќ – кандидат за градоначалник на Белград


Вучиќ најави дека составот на новата влада на Србија и мандатарот ќе биде предложен за седум до десет дена

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, информира дека на седницата на Претседателството на СНС било договорено кандидат за претседател на Собранието на Србија да биде Ана Брнабиќ, а кандидат за градоначалник на Белград да биде Александар Шапиќ.

„Ана Брнабиќ е моето најпозитивно изненадување, таа најмногу напредуваше, се бореше толку силно и храбро“,

изјави Вучиќ.

Тој се осврна и на поранешниот претседател на Собранието, Владимир Орлиќ.

„Верувам дека Орлиќ ќе има значителни обврски на друго место“,

рече Вучиќ.

Вучиќ најави дека составот на новата влада на Србија и мандатарот ќе биде предложен за седум до десет дена.

По изјавата на Вучиќ се огласи премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која изјави дека најголема чест во животот ѝ е што била седум години на чело на владата на Србија. Таа изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

„Направивме многу работи и мојата најголема чест беше да работам рамо до рамо со претседателот Александар Вучиќ и не само за мене, и за моето семејство. Така што ова е доста емотивно. Направивме многу работи заедно. Направивме сè како тим. Мислам дека тоа придонесе за стабилноста на Србија и за јасна насока за иднината“,

изјави Брнабиќ. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: