Здравствената состојба на пејачот Дарко Лазиќ кој во вторникот утрово направи тешка сообраќајна несреќа денеска е стабилна.
По вчерашната итна операција во која на пејачот му е извадена слезина и му е запрено крварењето здравствената состојба на пејачот е стабилна, но сепак поради ситуацијата во која се наоѓа и понатаму е критично.
Српските медиуми пишуваат дека пејачот до денес можеше да го види само законската сопруга Ана Севиќ од која не успеа да се разведе судски, a од денес може да го видат само неговите родители.
Посетата им е овозможена на кратко, а до кога ќе биде така зависи од неговата здравствена состојба.