АНАСТАСИЈА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД КРЕВЕТОТ НА ГУДЕЉ Пејачката ужива во домот на Немања, а еве со кого се гали!

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ уживаат во својата љубов, а иако се во врска нешто повеќе од еден месец, двајцата не се разделуваат.
Анастасија слободното време го поминува во Шпанија со оглед на тоа што Немања моментално игра за Севиља.
Дека целото семејство Гудељ ја прифатило Анастасија говори и тоа што таа и сестрата на фудбалерот Вања се секојдневно заедно, како и фотографиите со неговата мајка кои ги објавила самата Анастасија.


Покрај семејството и пријателите, Ражнатовиќ се заљубила и во миленичето на Немања, мачка, а наследничката на Цеца споделила со неа фотографии од кревет, пишувајќи дека се најдобри пријатели.
Со оглед на тоа што ги освои симпатиите на целокупното опкружување на Немања Гудељ, би се рекло дека оваа врска е сериозна од самиот почеток.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.