Анастасија Петреска и Владимир Поповски станаа родители, еве како ќе им се вика ќерката

Македонскиот естраден пар, Анастасија Петреска и Владимир Поповски денес станаа родители. Радосната вест на социјалните мрежи ја соопшти сестрата на Анастасија и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Сања, која се пофали дека станала тетка.
Мама и тато за тукушто родената принцеза го одбраа името Андреа.
Пејачката од својата бременост не направи никаква помпа, ја помина мирно и повлечено, без фотографирање на трудничкото стомаче.
Е, па среќни родители, честитки и голема да порасне Андреа!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.