Ангеловска: Третиот сет на мерки е за опоравување на економијата но и за справување на системски проблеми како сива економија
Третиот сет на мерки се таргетирани за да им помогнат на граѓаните и стопанството, а воедно се и системски решенија за надминување на некои системски проблеми како сивата економија. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во гостувањето на „Топ Тема“ на Телма осврнувајќи се на платежните картички за социјалните категории на граѓани, семејствата со помали примања и младите. Станува збор за над 300.000 лица кои ќе ги ползуваат овие бенефити и кои ќе придонесат кон безготовинско функционирање.
-Ако се види бројот на платежни картички кој е издаден во земјата, и колку се користат може да се заклучи дека недоволно се користат платежните картички. Како се случува сивата економија? – со плаќање во готово. Секоја земја веќе посегнува да се дигитализира, оди кон кешлес општество и безготовинско општество и тоа е таа визија која е прикажана и низ овој пакет. Кога тие 300.000 граѓани да добијат платежна картичка, средствата ќе се усмерат кон погодените сектори. Кога тие ќе почнат да плаќаат безготовински на одредени шифри на дејности, технологијата ни овозможува и идентификација средствата да завршат средствата кај што треба и кај правилниот човек и кај правилниот сектор и кај правилната индустрија и компанија. – посочи Ангеловска.
Министерката за финансии посочи дека со првиот столб од третиот сет на мерки треба да се поттикне приватната потрошувачка, со што освен граѓаните ќе се помогне и домашната потрошувачка , односно домашните компании да ги пласираат своите стоки и услуги.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.