Англиски пратеник вели дека децата со посебни потреби треба да се успијат

Колин Бревер, пратеник во англискиот округ Корнвол, на југозападот на Велика Британија, предизвика критики од јавноста која на еден член на хуманитарна организација, која им помага на децата со посебни потреби, му рекол дека тие деца чинат премногу и треба да се успијат.

Пратеникот предизвика уште поголем бес бидејќи одбил да даде оставка на функцијата, но во четврток, Бревер конечно се одлучи да поднесе оставка, јавува BBC.
 Во своја одбрана рекол дека изјавата ја дал само за да предизвика реакција од јавноста, а потоа се извинил по писмен пат.
 „Тоа не е нешто поради што треба да се даде отказ. Верувам дека работам добра работа”, вели Бевер.
 „Бев ужасната затоа што никогаш не би помислила дека некој би можел да даде таков искривен комнтар, а особено не еден пратеник за време на јавен настан.Што се однесува до мен, мислам дека ми е должност да го пријавам овојслучај на надлежните”, вели Тереза Корт, менаџерка на организацијата Disability Cornwall.
 Инцидентот се случил во октомври 2011 година, а Бревер писмено се извинил дури пред некој ден, кога неговата изјава излезе во јавност, пренесува Daily Mail.
 „Не можев да верувам дека му трбаше една година за да напише извинување. Дури и тоа извинување е некој вид навреда”, вели Корт.
 Сега Бревер вели дека ќе продолжи да се извинува.
 Бревер е пратеник веќе 25 години, а има 67.
Макфакс
Колин Бревер, пратеник во англискиот округ Корнвол, на југозападот на Велика Британија, предизвика критики од јавноста

Пронајдете не на следниве мрежи: