Андреа Иванова редовно се наоѓа на насловните страници поради нејзиниот изглед, за кој само на филери за јаболчници потрошила околу 1.800 евра.
Оваа 25-годишна инфлуенсерka се надева дека ќе постигне нов рекорд за најголеми образи во светот. Додуша, нејзината цел и направи одредени проблеми, особено во љубовниот живот, па таа призна дека се „бори“ да пронајде партнер и покрај тоа што мажите и посветуваат големо внимание на интернет.
Иако е нестрплива и сака што побрзо „лудо и вистински да се заљуби“, вели дека ќе и одговара само некој кој целосно ќе го прифати нејзиниот изглед.
- Ако сум во врска со некого, а тој ми каже дека му е непријатно додека шета со мене на улица или на јавни места, тогаш ќе раскинеме – изјавила Андреа.
- Ќе се чувствувам лошо и навредено, а потоа ќе морам да барам нов партнер на кој нема да му пречи мојот изглед – рече таа и објасни како би сакала лудо и вистински да се заљуби и да го запознае вистинскиот партнер за себе, бидејќи таа тврди дека љубовта е „најубавата и најважната на овој свет”.
Андреа тврди дека во минатото имала „лоши” искуства кога станува збор за љубовта и не се чувствувала ценета. Сега, поради ова, таа е попребирлива за мажите со кои излегува и научила сопственото мислење да го става на прво место, односно пред туѓото.Имав партнери кои ме советуваа да го променам изгледот и да не бидам толку екстравагантна. Никогаш не ги слушав и секогаш се каравме – објаснила таа.
И покрај негативните коментари на интернет, 25-годишната девојка го сака својот изглед.
Не се грижам за туѓите коментари, бидејќи имам свој вкус и свои ставови за убавината и се држам до нив. Секој човек треба да се задоволува себеси без страв и грижа за мислењата на другите, бидејќи смислата на животот е да се биде среќен – заклучила таа за медиумите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.