Анкара: Грција распореди воени возила на Лезбос и Самос

Беспилотните летала на турската армија забележале дека грчките амфибиски бродови превезуваат воени возила донирани од Соединетите Американски Држави, а возилата се распоредени на островите во Егејското Море со воено неутрален статус, што е кршење на меѓународното право, Anadolu Agency објави денеска.

Анкара: Грција распореди воени возила на Лезбос и Самос

Беспилотни летала на турската армија прелетале над Егејското Море меѓу Лезбос и Самос, а потоа забележале грчки десантни бродови на патот кон тие острови, пренесува Танјуг.

Бродовите превезувале 23 воени возила за Лезбос и 18 за Самос, испратени од САД.

Акцијата на Грција на 18 и 21 септември покажува дека Атина продолжува да ги милитаризира островите во близина на Турција и го нарушува нивниот воено неутрален статус, што е неприфатливо, изјавија турски безбедносни извори, пренесува Анадолија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.