АНКЕТА: Погледнете колку Руси веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин

Само осум отсто од Русите веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на шефот на руската приватна паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, покажува анкетата спроведена девет часа по авионската несреќа во која загина Пригожин.

АНКЕТА: Погледнете колку Руси веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин

Рускиот истражен комитет потврди дека Пригожин загинал во авионска несреќа во средата вечерта во областа Твер во близина на Москва. Сите 10 патници и членови на екипажот загинаа во падот на Ембраер кој летал од Москва за Санкт Петербург.

Анкетата, спроведена за „Сандеј тајмс“ од Институтот „Отворени умови“, меѓународна тинк-тенк, покажа дека само два отсто од поддржувачите на руските власти го гледаат Путин како виновник за смртта на Пригожин.

Најголем број од испитаниците, односно 28,4 отсто, сметаат дека несреќата била монтирана, додека 28,3 отсто како причина за падот на авионот ги навеле техничките тешкотии или пилотската грешка.

Само 13,6 отсто од испитаниците веруваат дека е веројатен нов бунт на групата „Вагнер“, а речиси четвртина веруваат дека мнозинството Руси ќе го поддржат.

Во истражувањето, 70 отсто од испитаниците се согласиле дека Пригожин е херојот на воената операција во Украина. Во петокот Путин потпиша декрет со кој ги повикува членовите на „Вагнер“ и другите руски приватни паравоени групи да положат заклетва за верност на руската држава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.