Со мало задоцнување, бидејќи ни беа испратени непосредно пред Илинден, ги објавуваме овие две видеа направени во далечната 1988 година.
На видеата се кичевчани кои се собираат и одат пешки накај Крушево по повод Илинден. Попатно застануваат на гробовите од Христо Узунов, Ванчо Србаков и соборците во село Цер. Во Крушево се среќаваат со внуката на војводата Питу Гули.
Ваквите активности во тоа време биле набљудувани од тајните служби на СФРЈ и бележени како акти на национализам. Секоја чест за луѓето на видеата.
Кичевчани маршираат кон Крушево за Илинден 1988 година
Кичевчани на Мечкин камен и на гости кај внуката од Питу Гули 1988 година
Видеата се објавени благодарение на Љубе и Бобан Томески