Анџелина Џоли изненади со издание на фестивалот во Лос Анџелес: Светло црвен кармин и кадрици

На премиерата на „Марија“ одржана на филмскиот фестивал АФИ 2024 година во Лос Анџелес, актерката Анџелина Џоли го претстави изданието кое остави многумина без здив.Со сосема нов стил Џоли покажа дека може да се трансформира и да внесе свежина во нејзиниот препознатлив имиџ.Нејзиното појавување на црвениот тепих беше далеку од она на што сме навикнати, особено за време на промоцијата на филмот „Марија“.Angelina Jolie stuns on the red carpet for the premiere of “Maria” at the 2024 AFI Fest! ❤️🌟 pic.twitter.com/pwOElsfrF9— ExtraTV (@extratv) October 27, 2024Анџелина беше речиси непрепознатлива со кадравата коса, која додаде допир на префинет гламур. Нејзиниот аутфит кој беше многу елегантен се состоеше од свилен фустан во боја на шампањ со високо деколте, а дополнително го комплетираше со црн кардиган.Обетки со бисерни детали и соодветна нараквица одлично се совпаѓаа со целиот изглед.Angelina Jolie arrives at the #AFIFEST premiere of ‘MARIA’(via @THR) pic.twitter.com/r1YwbSSrxg— Film Updates (@FilmUpdates) October 27, 2024Најзабележителна промена беше црвениот кармин, кој одлично се вклопи со маникирот. Наместо правата коса со нејзиниот потпис, таа се одлучи за големи локни кои додадоа волумен и класичен холивудски шарм.Џоли уште во септември се појави со нејзините кадрави прамени на насловната страница на CR Fashion Book.

Пронајдете не на следниве мрежи: