Анџелина Џоли проговори за најголемата трагедија

Анџелина Џоли (44) останала без мајка во своите триесеттите години, а по повод Денот на мајката, „Њујорк тајмс“ објави емотивна статија која холивудската актерка ѝ ја посветила.
Марчелин Бертард починала во 2007 година, откако ѝ бил дијагностициран рак на јајчниците и дојката, а Џоли открива како смртта на нејзината мајка влијаела врз неа.
„Мајка ми ја изгубив во триесеттите години, а кога ќе погледнам назад, гледам колку нејзината смрт ме променила. Не беше одеднаш, но тешко ме погоди внатре. Губењето на мајчината љубов и топлата, меката прегратка е како некој да ти го одзема заштитниот покривач.
Како што вели актерката, аферата на нејзиниот татко Џон Војт ги променила животните цели на нејзината мајка и ги уништила соништата за семеен живот.
„Кога се нашла во ситуација на 27 години да одгледува две деца со својот поранешен сопруг, славна личност која ќе остави долга сенка на нејзиниот живот, избледеле нејзините соништа дека ќе стане актерка. Но, таа сè уште сакаше да биде мајка“, вели Џоли.


Неколку години по најголемата загуба во нејзиниот живот, Џоли ја истетовирала буквата „W“ на десната рака како спомен на песната од „Ролинг стоунс“.
„Winter“ која ѝ ја пеела нејзината мајка ѝ кога била дете.
„Како што „W“ избледуваше на мојата рака, така исчезнуваше чувството за дом и заштита. Животот донесе многу пресврти. Доживеав загуба и видов како животот се движи во друга насока. Болеше повеќе отколку што некогаш мислев дека би можело да боли“, емотивна рекла Џоли.
Потоа актерката додала:
„На денот на мајките мислам и на мајките бегалки кои ги запознав, кои живеат раселени и во сиромаштија. Патот на мајчинството секоја го започнала со ветување дека ќе направи сѐ што може со цел да го заштити своето дете, ќе се жртвува и ќе го даде својот живот доколку е потребно. Кога се поразени и замолчени, некои работи се уште потрагични“, напишала Џоли.
„Им оддавам почит на сите мајки кои се чувствуваат беспомошно, но тие им го даваат последниот дел од силата, секое последно парче храна и единственото ќебе на своите деца. А, на сите вас кои тагувате на Денот на мајката, се надевам дека ќе најдете утеха и сила во вашите сеќавања”, напишала Џоли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.