Анџелина Џоли снимена со британскиот рапер и активист, ги поврзуваат од минатата година

Анџелина Џоли беше фотографирана со британскиот рапер и политички активист Акала во Венеција, а набрзо следеа шпекулации за нивната можна врска.Тие двајца неодамна беа забележани како излегуваат заедно од хотел во Венеција, што ги подгреа гласините за нивната врска. 49-годишната холивудска ѕвезда наводно се гледа со 40-годишниот рапер и новинар повеќе од една година, според магазинот In Touch.Во нивниот текст се наведува дека Акала им се придружила на Анџелина и нејзините ќерки Захара (19) и Шајло (18) на литературниот фестивал Калабаш во Јамајка минатиот мај.Akala dating Angelina Jolie was not on my 2024 bingo card 🤣 pic.twitter.com/LR0a6NrbxP— TMC Music Connoisseur 🇯🇲 WATCH S2TIMES 🤩 (@MusicConnoisseu) August 29, 2024Исто така, беше кажано дека дуото уживале на заедничка вечера во Милано шест месеци подоцна. Сепак, ТМЗ известува поинаку и вели дека парот се само добри пријатели.Акала, чие вистинско име е Кингсли Џејмс Меклин Дејли, прво се прослави како рапер пред да се сврти кон политичкиот активизам. Тој дури и го поддржа поранешниот лидер на лабуристите Џереми Корбин за време на општите избори во Велика Британија во 2017 година.Angelina Jolie sparks romance rumors as she’s spotted with new man leaving Venice hotel – so can you recognize him… or his very famous sister? https://t.co/cxE8azDHjS pic.twitter.com/W7ki3LWnkB— Daily Mail US (@DailyMail) August 29, 2024Тој е и помлад брат на познатата пејачка г-ѓа. Динамит, познат по низата хитови од раните 2000-тиНивното заедничко појавување доаѓа по премиерата на филмот „Марија“ во кој Анџелина ја толкува главната улога. Актерката го привлече вниманието во елегантен фустан на црвениот тепих, а филмот беше награден со 10-минутни овации по проекцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: