Апасиев: Законите за повисока плата на судиите ќе поминат на КУКОВО ЛЕТО

Апасиев во свој стил се обрати на судиите преку Фејсбук и им порача:

УСТАВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.

УПРАВЕН суд се прогласува ненедлежен за одлуки на Собранието.

ОСНОВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.

_____________________

ЛЕВИЦА прогласува дека законите за повисоки плати на судиите ќе поминат на Куково лето 😉

СО 4% ДОВЕРБА ВО СУДСТВОТО, НИ ОВИЕ ПЛАТИ НЕ ГИ ЗАСЛУЖУВАТЕ – ЛЕВИЦА СО 2.400 АМАНДМАНИ ГО БЛОКИРАШЕ ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ

📣Пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пред отпочнувањето на денешната 54 седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците (20 март 2023), поднесоа вкупно 2.400 амандмани на Предлог-законите за изменување на Законот за плати на судии и на Законот за плати на членовите на Судскиот совет на РМ, кои беа предложени од Владата, т.е. Министерсвото за правда – по скратена постапка.

⚠️Сметаме дека со огромната и ноторна недоверба на граѓаните кон корумпираниот судски систем, со престорување на правосудството во фамилијарна професија заробена во стегите на непотизмот, класните привилегии и кронизмот – платите на судиите се НАЈМАЛИОТ ПРОБЛЕМ во реформата на судскиот систем, која треба да биде радикална.

📍Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавби обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) – нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.