АПАСИЕВ: СО СЕЉАЦИТЕ ТРЕБА СЕЉАЧКИ, СО ДИВЈАЦИТЕ ДИВЈАЧКИ… НИЕ СМЕ СПРЕМНИ НА СÈ

„Со сељаците треба сељачки, со силеџиите силеџиски, со дивјаците дивјачки. Нашето беше варварство, во споредба со нивното дивеење. Ниту една техника не е повредна од уставното право на пратеникот да поднесе амандман, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во интервју на А1он, еден ден откако се случија инцидентите со оштетување на техника и фрлањето на амандманите во Собранието.“

Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте. …
ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската …

Тој посочува дека собранискиот спикер нема право да утврдува уредност на амандманите, за разлика од референдумската иницијатива каде може да се даде забелешка дури и за запирка.

„Пратеник по Устав и по Деловник има право да поднесе амандмани. Нема ограничување на број, нема ограничување на број, нема ограничување на структура и така натаму, пишува дека треба да има нормативен предлог текст и образложение, сето тоа ние го имавме. Оние амандмани кои ги прифатија од службите на Таљат, тие се рачно пишувани. И сега тие се уредни амандмани, нашите не биле уредни, па си одбрал тој 12 таму. На овој султанат, ние повлековме црвена линија. Ова е акумулиран гнев кој ние го гаиме уште од почетокот. Тој терорист кој не одговараше за хашките случаи мора да знае дека веќе нема играчка со Левица и ова ќе се повторува ви гарантирам на секој еден фрлен амандман на Левица. Мора да сфати дека уставното право ние ќе го користиме максимално и тој не смее да задира во нешто што е уставно право на пратеник. Не Таљат, свети Таљат нека е. Ова е црвената линија и после ова ќе бидеме уште по радикални. Ова е само одговор на нивното дивјаштво. Оттука нема простор за морализација“, вели Апасиев.

Лидерот на Левица посочува дека вчерашното носење на деловникот било кривично дело и македонскиот парламент е единствен на Балканот кој има забрането филибастеринг.

„Ова е злоупотреба на службена положба и овластување затоа што се работи за повреда на туѓо право. Веќе не разговараме со него, нема што да си кажеме. Ова е начинот на кој ние со сељаците во Собранието ќе разговараме. Вчера се случи силување на парламентарната демократија. Вие кога имате право на филибастер, а некој ви ги фрла амандманите, што ви останува друго да правите. Нема никакви правни средства и тогаш, согласно принципите на природното право, се враќаме во пред државна состојба, тогаш важи законот на џунглата. Сакате сила, ќе добиете сила. Ние сме спремни на се. Ова со двајца, после следни избори ќе бидеме многу повеќе од двајца“, посочи тој.

Апасиев вели дека ќе платат откако Арбер Адеми ќе плати за штетата во салата Борис Трајковски. За ставањето „печат“ со чевелот, вели дека било пародизација на процесот.

„Кога си ставен во ќош, не ти останува ништо друго освен да го пародизираш процесот. Со ова им ставивме дамка на нешто што требаше да биде Жан Моне процесот, за нешто што сега ќе одат во Париз, ќе чукаат шампањ. Овие се силеџии, ДПМНЕ и СДС се нивни слуги.

Единствена македонска опозиција која го чува дигнитетот е Левица“, кажа тој.

Погледнете го целото интервју со претседателот на Левица, Димитар Апасиев на А1он, во кое освен за инцидентот во Собранието, тој одговара и за изборите, постизборно коалицирање, судството и економијата во Македонија.

извор

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.