Светот станува мултиполарен, Македонија како мала држава треба да градиме партнерство со сите, Русија, Кина, САД, ЕУ, рече во влерашното телевизиско гостување претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
– „Имаше една германска анализа, дека ние со ова темпо во 2100-та година можеби ќе влеземе во ЕУ. Тоа значи дека нашата генерација нема да дочека и ние треба да се помириме со тој факт и да си бараме друго чаре, бидејќи светот станува мултиполарен.
Не е светот само ЕУ-центричен, како што сакаат тоа Маричиќ и компанија да ни го наметнат – дека сме неспособни за држава. Ние како мала држава мораме да градиме партнерство со сите големи сили.
Тоа е еден вид на Титова политика, да играте со сите, но да бидете на еквидистанца со сите. Тоа е МУДРА политика, а не вазална. И нема кој да ви дозволи, народот гласа, не гласаат амбасадорите.
Оваа вазална елита на СДС која што ја пропагира оваа политика е токму тоа, ВАЗАЛНА, на нив им се прогледува за сите криминали со цел да го држат народот со свиткана кичма. И затоа народот природно си бара друга опција.” – рече Апасиев.