Апликацијата Зум поради популарноста е под зголемена контрола

Апликацијата за видео конференции Зум се најде под високо ниво на контрола поради нејзината популарност за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи во моментов милиони луѓе ја користат за работа од дома или за онлајн настава, јави Би Би Си.
Јавната правобранителка на Њујорк Летиша Џејмс испрати писмо до Зум со цел да ја изрази загриженоста за нивната способност да се справат со порастот на корисници. Во писмото, јавниот правобранител ги прашува од Зум, дали ги разгледале своите безбедносни мерки откако нивната популарност се зголемила. И исто така истакна дека во минатото апликацијата многу бавно ги решавала проблемите.


– Зум ја зема предвид приватноста, безбедноста и довербата на корисниците многу сериозно. За време на пандемијата на Ковид-19, ние работиме деноноќно за да се осигураме дека болниците, училиштата, универзитетите и бизниси ширум светот ќе останат поврзани и ќе функционираат. Ја цениме загриженоста на јавниот правобранител на Њујорк за овие проблеми и среќни сме што можеме да ги обезбедиме бараните информации, изјави портпаролот на компанијата Зум.
Неодамна британскиот премиер Борис Џонсон сподели фотографија со коментар дека го води владиниот состанок преку апликацијата Зум, што покрена прашања за тоа колку е безбедна за употреба.
Компанијата ги отфрли таквите стравувања „На глобално ниво, Зум се погрижи за безбедноста на 2.000 институции од најголемите светски финансиски компании до водечки провајдери за телекомуникации, владини агенции, универзитети, здравствени установи, телемедицински практики“ соопшти за Би Би Си оваа компанија.
Апликацијата Зум во минатото имала многу пропусти со безбедноста, вклучувајќи и ранливост што им дозволувала на хакерите да ги отстранат присутните од состанок, измислени пораки од корисниците и хакирање на екраните. Исто така, корисниците на Мак забележале дека апликацијата автоматски правела повици без нивно знаење.
Таа е најкористена апликација во САД и втора во Велика Британија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.