Кинеската апликација Тик- Ток со месеци беше најпопуларна и најпревземана апликација за “iPhone”, оваа апликација за време на пандемијата со коронавирусот на многумина им преставуваше забава и им предизвикуваше позитивни реакции, особено на помладите.
Меѓутоа, според податоците на аналитичарите од компанијата „Sensor Tower“, во периодот од 1 април до 30 мај, местото најпопуларна апликација го презема апликацијата за видеоконференции Зум.
Апликацијата Зум била првземана околу 94 милиони пати, додека Тик- Ток значително помалку, односно 70 милиони пати.
Аналитичарите се изненадени од Тик- Ток , бидејќи такви значителни бројки се препишуваат на влијателни социјални мрежи или видео игри.
Доколку се спојат преземањата од двете најпопуларни продавници за апликации-„Google Play Store“ и „App Store“ , тогаш можеме да заклучиме дека Зум, Тик Ток и видео играта Покемон Гоу се преземени повеќе од 300 милиони пати што ги носи во елитниот свет на апликации.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.