Апче што ќе ве отрезни за неколку минути

Двајца научници од Универзитетот во Лос Анџелес и Универзитетот во Јужна Калифорнија креираа инекција која лабораториските глувци кои конзумирале алкохол ги отрезнувала за само неколку секунди.

Процесот вклучува замотување на ензими за разградување алкохол во нанокапсули и нивно вбризгување во телото.
 Јунфенг Лу, професор по хемиски и биомолекуларен инженеринг и Ченг Ји, професор по биохемија и молекуларна биологија, на пијаните глувци им вбризгувале нанокапсули кои содржеле два ензима. Резултатите покажале дека глувците на кои им се вбризгани ензими се трезнеле многу побрзо, во споредба со глувците на кои не им биле вбризгани, пренесува Gizmodo.
Истражувањето сè уште е во рана фаза и не е подготвено за тестирање на луѓе.
 Меѓутоа, Лу тврди дека ова откритие можело да доведе до креирање потполно нова класа лекови.
 Тој смета дека овој вид лекови, во иднина, може да се користи во вид на апче.
 „Тоа би изгледало како во стомакот да имате милиони ќелии кои ви помагаат да го разградите алкохолот”, вели Лу.
Макфакс
Двајца научници од Универзитетот во Лос Анџелес и Универзитетот во Јужна Калифорнија креираа инекција која лабораторис

Пронајдете не на следниве мрежи: