Аргентина стана светски шампион откако во драматично финале ја совлада Франција на пенали, а мечот ќе остане запаметен и по хет-трикот на Килијан Мбапе, кој нема мир ниту по завршувањето на Мундијалот.
Најпрво голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез бараше „минута молчење“ за францускиот напаѓач, а потоа Аргентинци решија да запалат ковчег на кој ја имаше фотографијата на Мбапе.
„Аргентина и Бразил немаат такво ниво на натпреварување во Јужна Америка, фудбалот не е развиен како во Европа и затоа кога гледате Светско првенство секогаш победуваат Европјани“, кажал претходно Мбапе и тоа ги навреди Аргентинците.