Репрезентацијата на Турција ќе игра против Македонија во Скопје во најсилен состав.Пријателскиот меч е закажан за 5. јуни, а за двете селекции е последна контрола пред квалификациските мечеви за настап на СП во Русија 2018 година. Турција игра со Косово во Скадар на 11. јуни, а во истиот термин Македонија ќе и биде домаќин на Шпанија.
Селекторот на Турција Фатих Терим го објави списокот на играчи во кој како најголеми ѕвезди се наоѓаат Арда Туран од Барселона и Емре Мор од Борусија Дортмунд, а тука се и Бурак Јилмаз, Енес Унал и Јунус Мали.
Селекцијата на Турција во Македонија ќе допатува во недела, а веќе следниот ден ќе се одигра пријателскиот меч на Телеком арената.
Голмани: Волкан Бабачан (Башакшехир), Харук Текин (Бурсаспор), Берке Озер (Алтинорду).
Одбрана: Мехмет Топал (Фенербахче), Семих Каја (Галатасарај), Цанер Еркин (Бешикташ), Хасан Али Калдирим (Фенербахче), Исмаил Којбаши (Фенербахче), Гокхан Ѓонул (Бешикташ), Кан Ајхан (Фортуна Дизелдорф), Шенер Озбајракли (Фенербахче), Ахмет Јилмаз Чакли (Галатасарај), Чаглар Сојунџу (Фрајбург).
Среден ред: Арда Туран (Барселона), Селџук Инан (Галатасарај), Емре Мор (Борусија Дортмунд), Озан Туфан (Фенербахче), Сердар Гурлер (Генчлербирлиги), Волкан Шен (Фенербахче), Дениз Турук (Кајзериспор), Емре Акбаба (Аланијаспор), Јусуф Јазичи (Трабзонспор).
Напад: Бурак Јилмаз (Пекинг Гуан), Ченк Тосун (Бешикташ), Енес Унал (Вилјареал), Јунус Мали (Волфсбург), Ченгиз Ундер (Басакшехир), Олџај Шахан (Трабзонспор).Пријателскиот меч е закажан за 5. јуни, а за двете селекции е последна контрола пред квалификациските мечеви за настап на СП во Русија 2018 година.