Арсенал оружје пронајдено во Богомила, приведено едно лице

Дваесетгодишниот Б.Ј е приведен вчера откако при полициски претрес во неговиот дом било пронајдено арсенал оружје.

2024 година е најтоплата година досега
2024 година беше најтоплата година досега, изјави портпаролот на Светската метеоролошка организација (СМО) пред објавувањето на сеопфатниот извештај кој ги вклучува наодите на различни регионални институти за следење на климата. Извештајот кој се …
Јованка Тренчевска избрана за претседателка на Клубот на пратенички
Вкупно 47 пратенички кои добија мандат на ланските парламентарни избори се дел од новиот состав на Клубот на пратеничички, кој се конституира денеска – со едногласен избор на Јованка Тренчевска за претседателка, по …

„На 17.12.2023 во 07.30 часот во село Богомила, велешко, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ј.(20) од село Богомила. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и неколку патрони за ловечка пушка, кои ги поседувал без дозвола“, информираат од МВР.

Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.