Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.
– На 8-ми Септември, Денот на независноста, го одбележуваме остварувањето на заложбите на генерациите пред нас да живеат и творат во независна и суверена Република Македонија.
На овој ден се потсетуваме на обврската да продолжиме смело и одлучно кон иднината, да ги надминеме предизвиците со кои сме соочени, да ги промениме нештата на подобро и да не се откажуваме пред неправдите.
Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија! – напиша Арсовска на Фејсбук.